ФИНКИ Алумни

Алумни на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Image

Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека во тек е процес на основање на ФИНКИ Алумни мрежа – заедница што ги обединува сите дипломирани, магистрирани и докторирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Мисија

ФИНКИ Алумни мрежата има за цел да создаде силна и динамична заедница која ги поврзува сите генерации студенти.

Преку оваа платформа:
• Поранешните студенти ќе можат да останат во контакт со своите колеги, да споделуваат знаења и искуства, и да учествуваат во разни професионални и општествени активности.
• Тековните студенти ќе добијат поддршка и менторство од алумните, што ќе придонесе за нивниот личен и професионален развој.
• Бизнис заедницата ќе добие пристап до талентирани кадри и ќе има можност за соработка со факултетот и алумните.

Визија

Со визија за континуирана соработка и развој, ФИНКИ Алумни мрежата ќе придонесе за зајакнување на чувството на припадност и промоција на вредностите на ФИНКИ.

• За студентите – повеќе можности за професионален развој, менторство и вмрежување.
• За алумните – простор за личен и професионален раст и поддршка на ФИНКИ.
• За академскиот кадар – подобра соработка со алумните и бизнис заедницата.
• За бизнис секторот – пристап до талентирани професионалци и нови можности за партнерства.

Цели

Со зачленувањето се збогатува најголемото семејство на инженери во земјата. Алумни мрежата не само што ќе придонесе за личен и професионален напредок на своите членови, туку и ќе го зајакне ФИНКИ и бизнис заедницата во целост, преку професионално вмрежување.

• Поврзување на сите поранешни студенти на ФИНКИ во единствена мрежа.
• Создавање база на алумни, достапна за вмрежување и поддршка на идни деловни иницијативи.
• Јакнење на врската меѓу студентите, алумните, академскиот кадар и бизнис заедницата.
• Промоција на традицијата и угледот на ФИНКИ.
• Подобрување на соработката меѓу ФИНКИ и компаниите во кои работат неговите алумни.
• Придонес кон меѓународна акредитација на ФИНКИ.

Ве покануваме да се регистрирате, да ја споделите оваа иницијатива со Вашите колеги и контакти, и да придонесете кон создавање на посилна, поврзана и успешна заедница која ќе го потврди и зајакне реномето на ФИНКИ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Адреса

ул. Руѓер Бошковиќ 16, Пoштенски Фах 393,
1000, Скопје, Република Северна Македонија